Претпладнево, новиот состав на бугарското Национално собрание, ќе одржи нова седница на која, во трет обид, треба да се избере претседател.
Веќе беа направени два неуспешни обиди за избор на претседател на Народното собрание – на отворањето на новиот парламент на 11 ноември и еден ден подоцна.
На 13 ноември пратениците повторно не успеаја да се договорат кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат, јави МИА.
За функцијата беа предложени пет кандидати – Андреј Цеков од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Петар Петров од „Преродба“, Наталија Киселова од „БСП – Обединета левица“, Николета Кузманова од „Има таков народ“ и Раја Назаријан од ГЕРБ-СДС.
Раја Назарјан и Андреј Цеков излегоа на втор круг во двете постапки за избор на претседател, но ниту еден од нив не го доби потребниот број гласови.






