Изборот на банка е прашање на доверба.
Тоа не претставува само избор на институција преку која ги реализираме финансиските трансакции, туку истовремено од вработените во истата се очекува разбирање, најдобри совети, достапност и взаемна почит.
Во УНИБанка секогаш се води сметка клиентите да бидат задоволни и затоа постојано се овозможуваат и креираат бројни бенефити и поволности за нив.
Во континуитет се поттикнуваат иновации и поддржуваат технолошки подобрувања, со цел клиентите да заштедат време и енергија, а воедно да добијат поголема сигурност во брзата реализација на различни банкарски активности, а секако и во управувањето со финансиите.
За предностите од дигиталното банкарство, за трендовите и очекувањата во овој сегмент Фактор во интервју разговара со г. Дејан Доксимовски – Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка.

Клиентите – физички лица секогаш биле во фокусот на УНИБанка АД Скопје. Последен новитет е воведувањето на новата премиум дебитна картичка Mastercard®World Debit. За кого е наменета и кои се бенефитите?
Mastercard® World Debit е картичка за луѓе кои преферираат безготовинско плаќање, што често патуваат и сакаат да купуваат онлајн, а со тоа да добијат и дополнителни придобивки.
Оваа картичка овозможува Cashback поволности во висина од 0,4%, бесплатно повлекување готовина од било кој банкомат во земјава, бесплатни УНИСМС известувања, како и највисоки 3D-Secure стандарди за безбедно купување преку интернет. Воедно корисниците на оваа картичка имаат низа други бенефити меѓу кои неограничен број на бесплатни трансакции преку електронско и мобилно банкарство (за интерни плаќања, КИБС и МИПС).
Исто така, Mastercard®World Debit картичката обезбедува заедно со уште еден придружник да има бесплатен пристап на Airport Lounge клубот на аеродромите во Скопје, Виена, Софија, Белград и Истанбул, што претставува голема привилегија.
Mastercard®World Debit картичкатаовозможува Cashback поволности, како и кредитните картички издадени од УНИБанка со бројни други бенефити. Кажете ни нешто повеќе?
Како што споменав, со Mastercard®World Debit картичкатаобезбеден е Cashback или поврат на средства во висина од 0,4% од износ на секоја ПОС трансакција, а исплататае на денарската или девизната сметка, зависно од тоа која сметка се користи. Со оваа картичка е овозможено и плаќања во трговската мрежа – без провизија.
Додека пак со кредитните картички на УНИБанка се добива Cashback или поврат на средства од 0,5% и тоа за секоја трансакција. Може да се користи лимит на средства до висина на 4 плати и со 0% каматна стапка за првите 40 дена. Исто така, може да се купува на рати без камата, преку ПОС терминалите на УНИБанка, а овозможени се и попусти кај бројна листа на соработници на Банката.

Линк до целото интервју.





