Сепак, нема да поскапи такси-превозот во Скопје

Можеби некој од компаниите самоиницијативно сака да ја зголеми ценат, вели претседателот на Групацијата за авто-такси превоз во Скопје, Сашо Рајчановски.



Спорд него, Групацијата нема официјално барање за зголемување на цената на такси услугите во Скопје, бидејќи нема реални услови за нејзино зголемување според цената на горивото, а такво барање нема ниту од најголемиот број таксисти, пренесува Плусинфо.

Тој појаснува дека во Скопје има три тарифи по кои можат да возат таксистите, а најголем број од нив возат по цени од втората тарифа која е соодветна на цената на горивото.

„Со последното зголемување на цената на такси превозот во Скопје во 2022 година, ние се изборивме за воведување три тарифи на цени кои се зависни од цената на горивото и на другите трошоци.

Најголемиот број од таксистите возат во втора тарифа, односно 50 денари старт плус 30 денари километар.

Доколку некој од таксистите или такси компаниите сакаат да ја зголемат цената можат да возат во третата тарифа која е најскапа (60 денари старт плус 35 денари).

Вели дека нема услови за воведување на таа цена бидејќи цената на горивото не дозволува да се вози по цена од третата тарифа и е далеку под цената во периодот кога баравме зголемување на цените“, вели Рајчаноски.

Рајчановски појаснува дека за да се бара повисока цена од третата тарифа треба да се изјаснат најголем број од таксистите во Скопје.