„ДУИ тргна по надолна патека и стои на стаклени нозе и со параноично однесување сака да предизвика дебата“, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
„Дестабилизацијата се обидуваат да ја искористат како димна завеса за да ја заматат состојбата во нивната партија.
Со своите инсталации во секоја институција, оваа партија има една мисија: да ги прикрие криминалите и поделбите во нејзините редови.
Лагите на ДУИ пукаат како меур од сапуница. Вистината секогаш излегува на виделина, па поранешниот функционер на ДУИ, Азем Авдиу, ја откри големата вистина што ВРЕДИ веќе подолго време ја кажува.
ДУИ има потреба од кадровски и програмски ресет. Не може поради група луѓе кои станаа милионери да страда целиот албански народ, а судбината на народот да биде диктирана од неколку корумпирани“ се вели во соопштението.
„Целиот албански народ не може да настрада поради ‘Соравија’ на Дрин Ахмети.
(…) не ја објавуваат СМС-пораката како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во владата наместо ВРЕДИ со половина министерства, без претседател на Собранието и со ветување за теренска поддршка за изборот на Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година.
Оперативна алатка на ВРЕДИ е соработката и поддршката, додека на ДУИ – условување и заплашување.
На ВРЕДИ му треба конструктивна опозиција!“, се вели во соопштението коалицијата на партиите на етничките Албанци, ВРЕДИ. (Телеграфи)





