Нови скандали на судењето на Жан Митрев, еден ,,оштетен” се откажал, втор воопшто не бил прашан за штета

Нови скандали се случувале на денешното судење на Жан Митрев, каде еден ,,оштетен” се откажал од барање на оштета а втор воопшто не бил прашан за штета од страна на обвинителството во текот на предистрагата водена од јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.



Од извори кои присуствувале на денешното рочиште од судењето на кардиохирургот Жан Митрев дознаваме дека од присутните оштетени, еден оштетен, Драган Малиќ не предјави оштетно побарување, се откажа од барање на било какво оштетно побарување.

Друг оштетен, Лидија Мецановска изјави дека во обвинителството не била прашана за штета, па се поставува прашање од кого е внесена нејзината наводна изјава дека предјавува оштетено побарување и тоа во износ сосема различен од тој што го побара на денешното судење. Истата оштетена уште повеќе категорично тврдеше дека воопшто во обвинителството не била прашана за штета.

И на ова судење продолжил нередот предизвикан од обвинителката Искра Хаџи Василева која што повеќекратко повторувала навреди за одбраната дури од типот дека предлозите биле вон од здравиот разум, за да потоа да бара судот да воспостави ред на што од Судот добила одговор дека заради неа не е можно да се воспостави ред во судницата.

Побаравме коментар од обраната на Жан Митрев при што добивме краток одговор дека се повторува феноменот на “агресивно попречување на одбраната да ја врши својата законска функција не само на денешното судење туку и во сите претходни”.

Инаку, и на ова рочиште имало зачудувачки изјави од обвинителката која повторно навела дека било дозволено да се испитуваат сведоци групно како што тоа го чинела во овој случај што за познавачите на правото е признавање на сериозна повреда на Законот за кривичната постапка, или пак натамошна изјава дека таа им укажувала на оштетените што реално можат да очекуваат како оштетно побарување.

Дали со тоа обвинителката признава дека уште пред да започне судењето таа знае каква пресуда ќе биде донесена и им кажува на оштетените што да очекуваат.

Судењето на Жан Митрев и неговата клиника се случува откако во јавноста се појавија кредибилни информации дека тоа е поврзано со обид на високи функционери на СДСМ да ја купат клиниката за многу помалку пари од вистинската вредност.

Судењето и упадот на обвинителството во Жан Митрев се случија по координирана акција на медиуми, обвинители, полиција и инспекции во болницата.

На обвинителката ова не и е прв сличен настап на судење

Нов дебакл на обвинителката што го прогонува Жан Митрев, лажела во име на оштетен во процесот