Потпишан договор помеѓу Стопанската комора и „Транспаренси Интернешнл“ : Корупцијата е рак рана која не се лечи преку ноќ

Борбата против корупцијата е број еден приоритет за бизнисот. Од Стопанската комора велат дека мора надлежните да реагираат каде ќе се посочи конкретен случај. Според Азески со години отсуствува прецизна и јасна програма за битка против корупцијата, проблем е не процесуирањето на веќе утврдените случаи на корупција.



– Мора да зборуваме за точни места кои се извор на корупција. На пример вагите за мерење на граничните премини кои не работат, се извор на корупција. Секаде каде што има тесно грло е извор на корупција. На пример кај нас во комората таков извор е местото каде што се даваат дозволите. Тука треба да се фокусираме, да следиме, провериме и да преземеме мерки. Секој во својот двор треба да исчисти. Така што мораме да ги посочуваме точките, а не само декларативно да кажуваме дека се бориме против корупцијата – рече Азески.

Инаку, првиот човек на Стопанската комората, Бранко Азески и Транспаренси Интернешнл-Македонија, потпишаа договор за  заедничка соработка во борбата против корупцијата. Според Пандовски, организацијата одамна соработува со Комората на полето на зацврстување на интегритетот на бизнисот кон корупцијата.

Системот може да ја рашири или спречи корупцијата. Работиме и на зголемуввање на интегитетот на бизнис секторот кон корупцијата, рече претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски.