По вчерашните изјави на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека „ДУИ е дестабилизирачки чинител“, денеска реагираше ДУИ со свое соопштение, обвинувајќи ја сегашната влада дека, наводно, „врши удар врз мултиетничноста и рамноправноста во * Македонија’. Во соопштението, што го пренесе ТВ Шења, ДУИ наведува: „Како одговор на неодамнешните изјави, кои ДУИ ја третираат како дестабилизирачки фактор, нагласуваме дека е вознемирувачка леснотијата во користењето на говорот на поделби и обвинувања, кои во реалноста ја напаѓаат мултиетничноста и еднаквоста кај нас. Затоа, поставуваме неколку прашања за да ја расветлиме вистината: Кој ја дестабилизира државата? Тие што велат ‘Вратете им ја државата на Македонците’, или оние кои ги бранат мултиетничноста и рамноправноста? Кој ја дестабилизира државата? Тие што се обидуваат да го избришат и да го укинат најсветото, албанскиот јазик, или оние што го официјализираа албанскиот во земјава, а македонскиот во Европската унија?“
„Кој ја дестабилизира државата? Оние кои ги укинуваат механизмите, што интегрираа цел еден народ во институциите на унитарната држава наместо да се создаваат паралелни институции, или оние кои градат рамноправна држава и рамноправно општество? Кој ја дестабилизира државата? Оние кои со години ја блокираа интеграцијата во НАТО или оние кои ја интегрираа земјата во НАТО? Тие што го блокираа патот кон Европската Унија или оние кои ги отворија преговорите и ја одржаа Првата меѓувладина конференција? Кој ја дестабилизира државата? Оние кои со години ја блокираа интеграцијата во НАТО, или оние кои ја интегрираа земјата во НАТО? Тие што го блокираа патот кон Европската Унија, или оние кои ги отворија преговорите и ја одржаа Првата меѓувладина конференција?“
„Кој ја дестабилизира државата? Оние кои газат врз волјата на повеќе од 40 отсто од етничките заедници во една мултиетничка земја, или оние кои се залагаат за еднаква и функционална демократија? Кој ја дестабилизира државата? Тие што ја исклучуваат дијаспората од политички и финансиски калкулации, иако таа дијаспора ја одржува финансиската стабилност на државата, плаќа даноци и е најголемиот амбасадор на оваа држава?“
„Кој ја дестабилизира државата? Тие што ја исклучуваат дијаспората од политичките и финансиски калкулации, иако таа дијаспора ја одржува финансиската стабилност на државата, плаќа даноци и е најголемиот амбасадор на оваа држава? Кој ја дестабилизира државата? Тие што му наредуваат на Уставниот суд да го отстрани срцето на Охридскиот договор – правото на етничка идентификација – или оние, кои го почитуваат ова право на сите граѓани?“
„ДУИ останува посветена на одбраната на рамноправноста, мултиетничноста и Охридскиот договор како темел на мирот и стабилноста. Ги повикуваме сите да размислат за овие прашања и да преземат акција, што промовира единство и еднаквост, наместо поделби, што ја загрозуваат заедничката иднина на сите граѓани на оваа земја.“





