Бугарите се најнезадоволни од животот во Европската унија. Ова го покажува рангирањето на Евростат, пренесува Њуз.бг
Еуростат го креира рангирањето преку т.н „показател за задоволство“, чие формирање, сепак, не ги споредува статистичките податоци за приходите, вработувањето, социјалниот развој или условите за живот.
Скалата – од 0 до 10, ја одразува само личната проценка што населението ја дава на животот што го води.
Од резултатите е јасно дека од сите граѓани на ЕУ, Бугарите се најнезадоволни.
При просечна вредност на индикаторот од 7,3, во Бугарија, тој е 5,9 – единствениот под 6.
Пред Бугарите се Летонците и Грците.
Според рангирањето, најсреќните луѓе живеат во Финска, Белгија и Австрија.