Мицкоски: Струјата може да поскапи од еден до најмногу 3%

Ако има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата од јануари, тоа ќе биде од еден до три отсто, одговори на новинарско прашање, премиерот Христијан Мицкоски.



Премиерот рече дека не очекува зголемување од 10, 15 или 20 проценти, како што тоа е случајот со многу држави во регионот и Европа.

„Очекувам, ако има, тоа да биде незначотелно – во рамките на еден до три проценти. Не очекувам поголема да биде од тоа“, рече Мицкоски.