Ахмети: Гибнете во албанскиот јазик и плоштадите во Скопје ќе бидат преполни! – Мицкоски: Без ефект ќе бидат воинствените повици на немири!

„Законот за употреба на јазиците и одлуките, што треба да ги донесе Уставниот суд за некои делови од законот, ги судрија лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Христијан Мицкоски, јавува ТВ21. Ахмети вели дека не сакаат дестабилизација на државата, но ако се гибне во албанскиот јазик ќе реагираат.“ – објави ТВ 21.



Натаму ТВ 21 истакнува. „Да знаат дека плоштадите во Скопје ќе бидат полни и преполни, ако се гибне во албанскиот јазик! Не знам како да предупредам. Ние не предизвикуваме криза, не создаваме дестабилизација на државата, но ако државата сака  дестабилизација, тогаш ќе предупредам: Гибнете во албанскиот јазик, гибнете во достигањата на Албанците и тогаш нема да има гаранција од мене!“ – изјави вчера Али Ахмети.

Шефот на извршната власт Христијан Мицкоски вели дека јавноста е навикната на Ахмети, „со воинствен говор да повикува на немири и нестабилност“. Според Мицкоски, овие повици на Ахмети нема да го предизвикаат ефектот, што го посакува тој.

„Законот за употреба на јазиците е во Уставниот суд, бидејќи ако погледнете таму, ќе ги видите луѓето, што излегле од тефтерот во Мала Речица и во ‘Бихаќка’. Претпоставувам дека продолжува притисокот врз тие луѓе, сега се бара прокси, се бара некоја структура на пренос, за да се испрати пораката. Но тоа не е нешто, што е сериозно, но што и да е, тој продолжува да биде дестабилизирачки чинител. Ова мене ме вознемирува и нашите меѓународни партнери дека Али Ахмети секојдневно стануваат се повеќе чинител на нестабилноста.“ – изјави Христијан Мицкоски