Дебар доби 600 илјади евра од Владата за подобрo водоснабдување

 

Средства доделени на Општината ќе се потрошат во втората фаза од активностите започнати пред две години.



„За втората фаза, која има повисока цена, изработен е проект со кој ќе се реши проблемот со хлорирање на водата со софистициран уред кој ќе го замени постоечкиот, како и поставување на повеќе од 3.000 дигитални водомери , модерен електронски систем со централна контрола.

Со тоа ќе се стави крај на паушалното плаќање на сметките за потрошена вода, како една од главните причини за фаворизирање на злоупотребата на водата“, информира градоначалникот на Дебар“,  Хекуран Дука.