Скопска судијка по петнаесет години откако почнал процесот прифатила повторување на судење во кое предходно Врховниот суд донесол одлука дека обвинет македонски тајкун е виновен за неплаќање на производи набавени од европска компанија.
Истражувањето на Expres.mk за неколку случаи слични на овој покажува дека во македонското правосудство на различни нивоа се случуваат не само човечки неправди туку и страшни прекршувања на уставот, законите и судската пракса.
За овие прекршувања во случаи кои траат со децении Судскиот и Советот на обвинители молчат под влијание на политиката, криминалните структури и бизнисот.
Во случајот кој делумно го анализираме денеска откриваме дека веднаш откако познат македонски фармацевтски тајкун добил правосилна и извршна одлука на Врховниот суд со која преку извршител требало да плати огромна сума пари неговиот адвокат поднел барање за повторување на постапката во граѓанскиот суд Скопје.
Адвокатот инаку е партиски функционер и близок на врвот на партијата и по тој основ влијателен на судиите и обвинителите.
И кога сите инволвирани и запознати со правото помислиле дека не може да се случи повторување судијката донесла шокантна одлука да почне повторно судење во прв степен со единствена логика да го спаси тајкунот од плаќање на огромна сума и камати за парите кои ги должел со децении.
Тајкунот кој има повеќе слични спорови пред судот со години не плаќал на германска компанија од каде набавувал производи по нарачка за конкретен нарачател.
Измамената германска компанија уште пред десетина години соочувајќи се со правосудната мафија во Македонија заминала од земјава со разочарување но во меѓувреме е поведен судски спор со цел познатиот тајкун да ги плати производите кои што ги добила но никогаш не ги платила целосно.
По долги години судење на повеќе инстанци пред врховниот суд била донесена мериторна одлука тајкунот да плати се што должи на германската компанија.
И кога извршителот требало да ги наплати парите од богатата компанија адвокатот на познатиот тајкунот поднел барање за повторување на постапката кое е спротивно на сите закони и судски пракси во Макеоднија.
Аапсурдот во процесот е што основата на барањето за повторување на постапката не се нови докази кои постоеле во текот на претходната постапка и не му биле познати без негова вина, туку вештачење подготвено по нарачка на адвокатот до вештак.
Во други предмети без исклучок судовите одбиваат повторување на постапка засновано на вештачење бидејќи тоа не е нов доказ кој не можел да се употреби во завршената постапка.
Според судски извори за нарачаното вештачење е поднесена кривична пријава против вештакот која завршила во обвинителски фиоки.
Судијката која сега го води случајот наместо да ја почитува одлуката на врховниот суд го прифатила вештачењето како релевантно со измислени образложенија вон законот и по повеќе од 15 години од почетокот почнала со ново судење иако знаела дека врховните судии веќе одлучиле за криминалот на македонскиот тајкун.
На самиот почеток од новото судење контроверзната судијка се обидела експресно да го затвори случајот во корист на тајкунот со отфрлање на тужбата врз која процесот се води повеке од 15 години, како неуредна иако Врховниот суд веќе одлучил за осуда на тајкунот по истата тужба.
Продолжува






