СДСМ и ДУИ ја „олесниле“ Клиниката за очни болести за 3,9 милиони денари

Според ревизијата на ДЗР, по основ на неуплатена партиципација за лекување, буџетот на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ бил оштетен за 3,9 милиони денари.



Толку пари требале да легнат на сметката на Клиниката за очни болести по основ на партиципација за лекување.

По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР се констатирало дека за 2,4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација.

Раководството на СДС и ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката.

Ако знаеме дека за период од една година, за која  е правена Ревизијата буџетот на Клиниката е оштетен за 3,9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДС и ДУИ раководеле со истата?

Го повикуваме ЈО да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.