Владата искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

Владата се залага за зајакнување на општините низ целата држава. Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вицепремиер Изет Меџити одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка, а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.



Оваа денешна средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините“ се наведува во владиното соопштение.

  • Денеска испративме силна и јасна порака дека нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава, се наведува во соопштението од Владата.