Полицаец наместо пари, на патарина покажувал легитимација

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека ваквите постапки се срамни, а сторителите мора да сносат одговорност.



Имено, поднесена е кривична пријава за 45 годишен полициски службеник кој се сомничи за „злоупотреба на својата службена положба“.

Пријавениот, вработен во МВР како началник на Одделот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените само им ја покажувал својата службената легитимација.