Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата, вели во честитката упатена до Доналд Трамп, македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот „Donald J. Trump“ за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави, напиша на својот Фејсбук“ Мицкоски.
Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.
Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.
Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!, стои во објавата на македонскиот премиер Мицкоски.






