Расправа на тркалезна маса на АА на Таравари денес под мотото „Кон подобро“, а на 10.11 во Тетово конгрес под мотото „Промената продолжува!“

„Кон подобро“ – овој слоган ќе го претстави Алијансата за Албанците на Арбен Таравари денес во Тетово во расправа на тркалезна маса, која ќе претходи на конгресот на ова крило во АА, закажан за 10 ноември 2024 година во Тетово. Конгресот ќе се одржи под мото „Промената продолжува!“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.



Арбен Таравари, лидерот на ова крило во Алијансата за Албанците, едновремено и министер за здравство во Владата на Република Македонија, соопшти преку својот фесјбук-профил дека„ претставниците на АА во дијаспората (САД, Швајцарија, Австрија, Франција и Данска) оствариле средба онлајн-преку интернет со секретарите на АА во врска со претстојниот конгрес“.