Миле, Таче, Маричиќ, Богоевски, Шилегов, Бисера, Славјанка „не го играат“ Филипче

Вистинско фијаско за лидерот на СДСМ, Венко Филипче, била синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, на која се одлучувало кога да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, дознава Плусинфо



Голем број партиски кадри од т.н. прва постава на Централниот и на Извршниот одбор, како и од пратеничката група на СДСМ, едноставно, не дошле на седницата на Бихаќка, на која е донесена одлука за свикување партиски конгрес.

Седницата се одржала на работ на кворум, а отсуствувале поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и неколку членови на Извршниот одбор, повеќе пратеници…

Според Плусинфо, Оливер Спасовски, пак,  упатил жестока критика на раководството на партијата на чело со Филипче, кој од Бихаќка направил не втора или трета партиска лига, туку потсојуз.