„Не би можел ништо да коментирам, бидејќи имам функција којашто е многу одговорна и захтевна, така што посветен сум на оваа функција“, вели Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје (2009-2017) на прашањето дали би прифатил пак да се кандидира за градоначалник на главниот град.
Трајановски, во моментов директор на Јавното претпријатие за државни патишта, рече дека има проекти за кој е многу горд од времето кога беше градоначалник на главниот град.
„Јас во Град Скопје имав многу проекти кои се забележителни и ги гледаат граѓаните, а особено се гордеам со две награди коишто ги добив додека бев градоначалник.
Едната е 2016 г. – втора награда во Европа за мобилност, Малме беше прв, Лисабон и Скопје втори. И втората награда, исто во 2016 година, Град Скопје беше избран во првите три града во Европа и Југоисточна Азија по примената на дигиталната технологија во управување со градот и јавните претпријатија во градот.
Така што, успеавме да го дигнеме градот на високо европско ниво, претставително и достојно за еден главен град“, вели Трајановски во гостување на “360 степени“ на МРТ1.
Вели дека тоа што кружат повеќе имиња како можни кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје покажува организираност и подготвеност на партијата…






