Османи: Албанците не се чувствуваат повеќе како господари во својата куќа, во Р*М, туку станаа пак кираџии!

Албанците не се чувствуваат повеќе како господари во својата куќа, во * Македонија, во кои Али Ахмети ги остави како такви, но оваа влада по 100 дена ги направи повторно како кираџии!“ – ова тврдење го изнесе портпаролот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува: Османи рече дека „оваа влада остварува противалбански активности“, „поради кои Албанците не се чувствуваат достоинствено“. „Државата треба да ѝ се врати на волјата на луѓето, а не да имаме едноетничка влада, со која ќе раководи само еден одреден етникум“– изнесе Бујар Османи во таа емисија.