Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, кој живее и работи во Италија, ја освои публиката во Токио со „Македонско девојче“.
Придружуван од Камерниот оркестар „Токио Вранец“, под диригентската палка на претседателот на Токиската опера и голем пријател на Македонија, басот Казухиро Котецу, Нацоски ги плени срцата на присутните јапонски љубители на музиката во Милениумската сала при Центарот за доживотно учење во округот Таито.
Настапот на Нацоски на линкот: https://fb.watch/vEIqW7p4Ft/






