Израел официјално ги извести Обединетите нации дека го откажува договорот што ги регулираше неговите односи со главната организација на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) од 1967 година, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата, пренесе Ројтерс.
Минатиот месец, израелскиот парламент донесе закон со кој се забранува UNRWA да работи во Израел и ги запира израелските власти да соработуваат со организацијата, која обезбедува помош и образовни услуги за милиони Палестинци на окупираниот Западен Брег и Газа.
Израел долго време ја критикуваше УНРВА, формирана во пресрет на војната во 1948 година, која избувна во времето на создавањето на државата Израел, обвинувајќи ја за антиизраелска пристрасност и велејќи дека го продолжува конфликтот со тоа што ги одржува Палестинците во постојан статус на бегалеци.
Од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година, таа исто така соопшти дека организацијата била длабоко инфилтрирана од Хамас во Газа, обвинувајќи дел од својот персонал за учество во нападот врз Израел на 7 октомври.






