Нешто повеќе од 24 часа пред Американците да излезат на гласање на денот на изборите, Sky News објави преглед на конечната состојба на гласачките места, пренесува Индекс.хр.
Трката се уште е речиси изедначена.
Сепак, Камала Харис забележа благ пораст и има предност од 0,8 процентни поени пред Доналд Трамп.
Тоа следеше по позитивните конечни анкети за потпретседателката – вклучително и изненадувачката анкета во Ајова која и даде водство во државата што Трамп лесно ја доби на претходните два избори.
Веќе се предвидува дека ова ќе биде најнеизвесната трка по онаа во 2000-та година.
На национално ниво, резултатите од анкетата се следни:
Камала Харис – 48,3%
Трамп – 47,5%
Харис моментално води во клучните држави кои носат 22 електорски гласови, додека Трамп води во државите со вкупно 27 електорски гласови, а државите кои носат 45 електорски гласови се практично изедначени.
Пенсилванија – Харис
Мичиген – Харис
Висконсин – Харис
Џорџија – Трамп
Северна Каролина – Трамп
Аризона – Трамп
Харис би станала претседателка доколку ги освои државите во кои моментално води, со победа во една од двете држави каде што разликата е помала од еден процентен поен.
Трамп треба да ги освои двете држави во кои е изедначена трката, како и двете во кои моментално води.






