„Воопшто не постојат услови за предвремени парламентарни избори во 2025 година. Најверојатно ќе има само редовни локални избори. Само пред три месеци беа одржани редовните парламентарни избори и бесмислени се такви предвремени избори вгодина. Оваа влада има стабилност во бројките и е на почетокот на извршувањето на своите функции како власт.“ – изјави политичкиот аналитичар од тетовскиот регион Латиф Арифи во интервјуто за ТВ МЦН од Албанија, кое е емитувано и на јутуб.
Латифи смета дека не постојат можности за предвремени парламентарни избори независно од изјавата на премиерот Мицкоски, која ја даде во Собранието СДСМ да се подготви за такви нови избори заедно со локалните избори. „Тоа претставуваше предизвикување на опозицијата и политички маневар. Нормално е што лидерот на ДУИ Али Ахмети го прифати веднаш тоа, со цел да искористи таквите моментуми, заради политички прифитирања, а и со оглед дека тој и ДУИ продолжуваат да го оспоруваат легитимитетот на владата, особено во нејзиниот албански дел. Но, Али Ахмети и неговата партија треба да се однесуваат како конструктивна опозиција.“ – нагласи Латиф Арифи.





