Mалолетни девојчиња каснати од кучиња скитници во Скопје

Кучиња скитници искасаа жители на Скопје. Граѓаните загрижени за нивната безбедност побараа од надлежните да преземат мерки.



На 02.11.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Коце Металец” во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. На 03.11 во 00.50 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто” во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. На 02.11.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„1438″ во населба Пинтија во Скопје бил каснат од куче скитник.

Улични кучиња речиси во секоја општина во градот Скопје. Од почетокот на годинава до сега на територија на Град Скопје до министерството за внатрешни работи пристигнале 752 пријави на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. И тоа најмногу во полициските станици во Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош, а најмалку во Арачиново, Мирковци и Сарај.