Што со базата „Бондстил“ во Косово ако Трамп победи на изборите

 

Резултатот од претседателските избори во САД значително ќе влијае на иднината на Косово, а американски експерти изнесоа свои мислења за влијанието што може да го имаат изборите во САД врз односите со Косово.



Дејвид Филипс вели дека ако Трамп победи на изборите, тогаш ќе има промена во пристапот кон Балканот.

„Ако Трамп биде избран за претседател, веројатно ќе видиме голема промена во американскиот пристап. Трамп има финансиски интереси на Балканот, има докажани интереси во корист на САД.

Професорот тврди дека доколку Трамп биде избран за претседател, може да дојде до постепено елиминација на воената база „Бондстил“ на Косово, пишува повикувајќи се на прилог на Радио слободна Европа, порталот Телеграфи .

„Една од првите работи што Трамп ќе ги направи е да ја процени американската политика и безбедносните интереси. Очекувам американската воена база во Косово „Бонстил“ постепено да биде укината. Исто така, ќе биде суспендиран секој чекор за внесување на Косово во НАТО“, рече тој за Радио Слободна Европа.

Во меѓувреме, Френк Визнер, поранешниот американски емисар за разговори со Косово, рече дека надева оти американските војници ќе продолжат да бидат во Косово, се додека ситуацијата со Србија не биде решена.