Се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако премиерот Христијан Мицкоски му спомена предвремени избори на лидерот на СДСМ Венко Филипче, кои би можеле да се одржат догодина заедно со локалните.
Мицкоски до опозицијата: Ако сте силни, ајде на избори
„Да видиме дали ќе држи до зборот или ова го кажа само за да ја уплаши опозицијата на Македонците“, рече Ахмети на средба со граѓаните во Боговиње.
Тој додаде дека Мицкоски вчера немало да бара предвремени избори доколку тој бил во Собранието.
Според „порталот „Телеграфи“ Ахмети рекол дека македонската опозиција мора да биде храбра затоа што нема што да изгуби.
„Нека се подготви добро една година на терен за мегдан со ВМРО-ДПМНЕ, за мегдан со сите оние кои не мислат како нас… оние кои не размислуваат како ние денес, тие се отстранети како претставници на Албанците во институциите на државата“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети.






