Македонија по подолго време се движи во правилна насока – сметаат граѓаните

По подолго време, Македонија се движи во позитивна насока, вели најновата анкета на ИПИС. Според неа најголемиот дел од граѓаните или 25 насто мислат дека се движи во позитивна насока, 24,9% во делумно позитивна, во донекаде негативна 12,5%, а во негативна 24,3%.



Последните години немало анкета со повисока позитивна оценка наспрема негативната. Последните одеа и до  над 70% негативна оценка на граѓаните за насоката во која се движи државата, сето тоа под „водство“ на владите на Ковачевски и Заев.

Анкетата на ИРИ од 14 мај 2024 година покажа дека Македонците и Босанците се најнезадоволни од состојбата во своите земји. Над 70 отсто од испитаниците во двете земји во мај 2024-та рекле дека работите се движат во погрешна насока. Единствената друга земја што се движи во погрешна насока, според 52 отсто од испитаниците, е Албанија.

Вкупната „негатива“ од сегашната анкета, заедно „негативна“ и „делумно негативна“, е 36,8 насто, што е скоро половина „негатива“ од анкетата на еминентната ИРИ од над 70% пред помалку од 5 месеци, е факт кој доволно зборува за подобреното расположение и оптимизам на граѓаните со доаѓањето на новата влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Ова е последната анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел  – едната во периодот од 9-ти  до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.