Најмалку 14 лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица.
Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани, јавија српсккте медиуми.

Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година. Oваа зграда за прв пат била реновирана пред три години.
„Ова е еден од најтешките денови во историјата на Нови Сад. Ова е страшна трагедија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во името на Владата на Република Србија и сите присутни овде. благодарам на сите работници кои помагаат и се борат да ги спасат луѓето кои се под урнатини“, рече премиерпот на Србија, Милош Вучевиќ.
„Ќе инсистираме да се најдат одговорните“, рече Вучевиќ.
Министерот за внатрешни работи на таа држава Ивица Дачиќ изјави:
„Спасувачите беа тука веднаш по добивањето на повикот. Неколку часа подоцна беше во тек спасувачката акција. Со тешка механизација учествуваат повеќе од 80 спасувачи од повеќе градови“, рече Дачиќ.





