Украле сеф, па го „превезувале“ на мотоцикл, се’ додека…

Вчера околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.



Полициски службеници од СВР Скопје, веднаш по пријавата, презеле мерки иги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице.