Дурмиши од Вреди ги предизвикува ДУИ: Нека излезат на улица, па нека видат колкава поддршка имаат од народот!

„Бесар Дурмиши, министерот за економија и труд од редовите на коалицијата Вреди, ги предизвика  ДУИ да протестираат на улица, за да видат дали ја имаат поддршката од народот. Тој ги оцени како смешни транспарентите на пратениците на Европскиот фронт во Собранието.“објави ТВ 21.



ТВ 21 ја пренесува изјавата на Дурмиши во овој контекст: „Сите што носеа транспаренти во Собранието се супермилионери на политиката и до оваа состојба стигнаа, бидејќи не се интересираат за албанското национално прашање. Тие не се заинтересирани ниту за сите граѓани на * Македонија. Ако се спротивставува ДУИ на нешто, тогаш нека излезе на протести на улиците и нека види колкава поддршка има од народот.  Тие немаат сила за ова и затоа прават ниски и смешни работи.