Мицкоски: Ние не сме наивни како Османи, Маричиќ и Ковачевски

Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за тоа дали размислува до Собранието да достави предлог за уставни измени со одложено дејство без да биде уште формирана влада во Бугарија или сепак ќе се чекаат сигнали.



„Наивно би било тоа“, рече Мицскоски и образложи:

„Таков потег унилатерален би значел целосно загрозување, на и онака загрозените евроиинтеграции поради авантурите на претходната влада, евроинтеграции на Македонија како држава.

Се разбира дека треба да се добие било каков сигнал за да одиме чекор напред.

Нема да влезем во било каква авантура, инаку можевме тоа многу порано да го направиме ако бевме почетници во оваа работа.

Не сме ниту Бујар Османи, ниту Маричиќ, ниту Ковачевски да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни.

Наш интерес е македонските граѓани, државата, евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија и ќе ги браниме“ изјави премиерот Мицкоски.

Тој рече дека никогаш нема да го засрамат граѓанинот и имаат заедничка цел, а тоа е Македонија еден ден да биде дел од европското семејство.