Ова го изјави кандидатот за уште еден мандат во Белата куќа, Доналд Трамп, најавувајќи дека тоа ќе се случи доколку победи на изборите на 5-ти ноември, пренесе Ројтерс.
„Видете што ќе ви кажам: Европска Унија звучи прекрасно, нели? Сите убави мали европски држави собрани заедно“ рече тој на митинг во Пенсилванија, најавувајќи дека ќе воведе „Закон на Трамп за реципрочна трговија“.
Според него, европејците не ги купуваат американските автомобили, а продаваат милиони свои автомобили во САД.
„Не, не, не, тие ќе мораат да платат висока цена“, истакна Трамп.
Тој планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина.






