Американскиот магазин „US News and World Report“ објави рангирање на најсилните армии во светот, а на првото место се најде руската војска.
Според магазинот, второто место по воената моќ го зазема американската армија, а третото израелската.
Украинската армија го зазеде осмото место во рангирањето.
Во првите десет најсилни армии во светот влегоа и Кина, Јужна Кореја, Иран, Велика Британија, Германија и Турција.
Армијата на Република Македонија (АРМ) ја нема на листата со вкупно 89 војски, на која од регионот највисоко котира војската на Србија на 18. место, Грција е 51., Хрватска 53., Бугарија 77., Словенија 84.
При проценката на армијата, покрај борбениот потенцијал (количина на оружје, број на војници и сл.), се земаат предвид и борбеното искуство, учеството во различни војни и вооружени конфликти. Поради ова, руската армија за прв пат се најде на водечкаta позиција, иако претходно секогаш беше на второ или трето место по САД и Кина, додека Израел е пред дури и нуклеарна Кина, поради војните против Либан, Иран и во Газа.
Авторите на листата наведуваат дека моќта на армиите на различни земји во светот била проценета врз основа на анкета во која учествувале претставници на елити и деловни кругови, како и обични граѓани.






