„Али Ахмети не го интересираат ниту големите проекти, ниту патувањето на државата, а уште помалку Албанците. Тој само тажи по власта, која му е потребна да ги заштити криминалот и криминалците за време на неговото владеење. Додека Ахмети праќа писма горе-долу, ние го унапредуваме секое албанско прашање, кое неговата партија го блокираше и ги измамуваше Албанците во нивно име. Вреди секогаш ќе биде чувар на Албанците и на проектите од национално и државно значење.“ – објави на својот фејсбук-профил Билал Касами, градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, членка на коалицијата Вреди, која е дел на Владата на Република Македонија. Ова објава на Касами е и негова реакција на писмата, кои ги испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети до меѓународните чинители и албанските лидери во Балканот, поради наводната „загрозеност на Охридскиот договор и правата на Албанците“.
Натаму на општестената мрежа Касами истакнува: Делата на Вреди секој ден докажуваат две работи: децениските измами, што ДУИ им ги направи на Албанците, и нашата посветеност, како дел од Владата, да ги реализираме крупните проекти од интерес на Албанците, но и од интерес на државата!
Денеска при увидот на работите за изградба на Коридорот 8, во кој покрај државниот врв, присуствуваше и амбасадорката на САД Агелер, беше демантирана лагата на ДУИ и се докажа дека проектот од национално значење, како што е изградбата на Коридорот 8, не само што се реализира, туку и дека се движи со брзо темпо.





