„Македонија е ретка држава, која се понижува самата себеси, прославувајќи ги битките, која ја потчиниле и ја направиле дел од српското кралство.“ – тврди писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна, која ја објави ТВ Шења под наслов „За македонските елити е поприфатливо српското ропство одошто слободата да живеат заедно со Албанците!“.
Ким Мехмети натаму пишува: Така таа ги возбнови сите споменици, кои ги изгради династијата Караѓорѓевиќ во Вардарската бановина од 1918 до 1941 година, вклучувајќи го и Офицерскиот дом, подигнат врз основите на Бурмали џамијата.
Всушност, Македонија никогаш не се ослободи од српскиот политички менталитет, ниту сакаше да се ослободи, бидејќи за македонските елити е поприфатливо е српското ропство од слободата, што ја имаат да живеат заедно со Албанците.
Home Македонија Мехмети: За македонските елити е поприфатливо да живеат во српското ропство, одошто...





