Нема година, а се да помине како што треба. На секој старт на грејната сеозна почнуваат еден куп проблеми. Бројот на граѓани кои се јавија во редакцијата на Фактор е се поголем. Но и до редакцијата Експрес, барем од оние кои писмени со фотографии се жалат дека имаат проблеми со греењето. Други пак се пожалија оти радијаторите се „млаки“. Револтирани и разочарани, велат, од година во година затоплувањето во Скопје е се полошо, но додаваат дека најмногу се разочарани поради непраземањето мерки од страна на надлежните.
Неколку жители на општина Кислеа Вода за Фактор велат радијаторите се млаки, па дури и ладни, дополнително, укажуваат дека греењето почнува многу доцна, кога веќе заминуваат на работа, а становите им се ладни додека се подготвуваат за излегување. Проблематично велат е и поради тоа што одредени денови, во вечерните часови, греењето воопшто не се пушта.

- На некој начин се помиривме на почеток на грејна сезона радијаторите да се млаки, како и секоја година кога надвор е потопло. Сепак, годинава делуваат уште поладни од претходните години, па дополнителен проблем е што наутро мора да вклучиме клими бидејќи станот е ладен. Топлината кај нас доаѓа после седум часот, радијаторите почнуваат да се затоплуваат дури после седум часот. Нас парното ни е потребно наутро, кога се подготвуваме, пред да излеземе за на работа или за во училиште, да е топло да се спремиме на раат. Вака мора да затоплуваме, кај даваме многу пари за загревање, плус пари и за струја – вели една скопјанка од Кисела Вода.
Потоа дополни, дека има денови кога не добиваат воопшто топлинска енергија во вечерните часови.
- Одредени вечери, меѓу кои и за празникот, навечер радијаторите воопшто не се затоплија. Колку и да било топло надвор, внатре собите се ладни, не може да не остават без греење, но за жал и тоа го прават – вели соговорничката.
Но, тие не се единствените. Жителка на наслебата Ново Лисиче вели најголем проблем е температурата, но и фактот дека топлинската енергија во станот пристигнува доцна.
- Пред турбуленции со греењето, становите се затоплуваа рано наутро, денес не е така. Сега и тоа малку енергија што го испорачуваат е како да не испорачале. Цените од година во година растат, а греењето се помалку го има. Треба да работат како порано, да се загреваат домовите од пет часот, а после повторно да го изгаснат – вели нашата соговорничка и додава дека не се задоволни од одлуките на надлежните, ниту од мерките кои се преземаат за да се подобрат состојбите.

Со сличен проблем се јави и жител на од централното подрачје, кој потенцираше дека пред неколку години се вратиле на системот за греење, иако биле исклучени, но се покајале.
- Не само што се млаки радијаторите, се случува секоја година дефект, па дел од становите немаат греење, а дур дојдат екипите поминува и цела недела. Парното го пуштаат доцна, ние стануваме рано, ладно е, дур се загрее, дома ни е ладно. Од лани поставивме и клима, па со неа пригреваме. Не очекуваме да биде вака, сега плаќаме за услуга која не ја добиваме. Се вративме на парно бидејќи мислевме дека ќе биде добро за нас, ние сме во години, ни треба топлина, но тоа го нема – посочува нашиот соговорник.
Од ЕСМ Снабдување со топлина, компанија надлежна за загревање на Скопјани велат дека сите активности се строго регулирани согласно законски и подзаконски акти.
- Во однос на поплаките за температурата на парното греење, ја информираме јавноста дека испораката на топлинска енергија се врши во согласност со строги правила и дијаграми кои зависат од актуелните атмосферски услови и надворешните температури. Испораката се врши во согласност со Мрежните правила за дистрибуција одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, во кои прецизно е дефинирана работата на топланите и испораката на топлинска енергија – нагласуваат од компанијата.
Објаснуваат дека при пониски надворешните температури се испорачува поголемо количество енергија, а корисниците имаат загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20+1 степен Целзиусов. Повеќе на Фактор.мк.





