Во Претор денеска ќе биде отворен првиот камп за дијабетес кај деца и млади, кој има за цел едукација на лицата со дијабетес и нивните семејства за квалитетно менаџирање на ова заболување.
Организатори на кампот се Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Здружението на диајбетичари на Општина Битола.
Кампот е организиран како едукативна активност на локација која е различна од секојдневната, односно подалеку од домот, работното мести и активности.





