Ибрахими: Ќе се градат 14 спортски сали во населените места со албанско мнозинство

„Ќе се вложат 23 милиони евра за 28 спортски сали во основни училишта во целата земја. Во населените места со албанско мнозинство 14 спортски сали: 5 во Тетово, 3 во Боговиње, 2 во Сарај и по една спортска сала во Струга, Студеничани, Џепчиште и во Брвеница. Влада Вреди.“објави на својот фејсбук-профил Зеќирија Ибрахими, лидерот на Алтернатива, членка на коалицијата Вреди, која е дел од Владата на Република Македонија. Неговата објава ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.