Николоски: Двата километри автопат Скопје-Блаце завршуваат – во дупка

Тие два километри, кои требаше да бидат пуштени досега, завршуват во една голема дупка, изјави вицепремиерот Александар Николоски, коментирајќи ја изградбата на автопатот Скопје-Блаце, во синоќешната „Клик Плус“ на ТВ21



Таипи: Фамозните 2 км. од автопатот Скопје-Блаце ќе бидат пуштени во ноември

„ Ве поканувам да снимате, тие 2 километри завршуваат во една голема дупка, и имаме пат кој не води никаде… Јас такви проекти не прифаќам. Единствена логика која ја наоѓам е промената на сопственоста на трасата, во однос како се купуваа одредени имоти“, рече Николоски.

Тој рече дека дека проценетата вредност на автопатот до Блаце е 240 милиони евра, со можност да оди уште 20% повеќе.

„Веќе сега, не јас, официјалниот партнер кој е техничка поддршка за изградба на автопатот, се работи за „Суесафеш“ од Франција. Тие велат дека проценатата вредност е 240 милиони евра, со голема можност да оди до 300 милиони евра. Да потрошиме 300 милиони евра за 10 километри автопат, не сме толку богати“, рече Николоски.