Од денеска голем дел од услугите ќе бидат со намалени цени. Ова е дел од измените и дополнувањата на тарифниците што минатата недела беа објавени во „Службен весник“.
Од Агенцијата за катастар, се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за 75 отсто.
Со промените, како што наведуваат од Агенцијата, за купопродажба на стан и паркинг-простор, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина, услугата што ќе треба да се плати е 1.250 денари.
Со намалувањето на услугите се опфатени и наследните решенија и договорите за подарок, така што отсега ќе се наплаќа по правен основ во една катастарска општина во износ од 1.250 денари, а не како досега за секој имотен лист по 1.250 денари…





