Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со проблем со неговите очекувања за покана за членство во НАТО, бидејќи некои од клучните членки на алијансата не сакаат да дозволат тоа да се случи бидејќи би биле вовлечени во војна со Русија.
„До денес, Алијансата не стигна до фаза каде што е подготвена да понуди членство или покана за Украина“, рече американскиот амбасадор во НАТО во заминување, Џулијан Смит, во интервју за POLITICO.
Германија и САД се меѓу големите сили кои бавно го исполнуваат повикот на Зеленски за итна покана за членство во НАТО, велат четворица претставници на САД и НАТО и дипломати кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Во неговиот „План за победа“, Зеленски побара итна покана, но призна дека вистинското приклучување во Алијансата ќе биде можно само по завршувањето на војната со Русија. Зеленски оваа недела инсистираше на тоа дека е „фундаментално“ Украина да „прими покана за време на војната“.
Зеленски призна дека германскиот канцелар Олаф Шолц – голем добавувач на Украина со залихи со оружје веднаш зад САД – нема да го поддржи за брза покана за членство во НАТО.
Отпор даваат и Унгарија и Словачка, но од различни причини. Нивните сегашни лидери заземаат генерално про-Кремљ линија, како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги блокираше фондовите на ЕУ за вооружување на Украина и се откажа од програмата на НАТО за испраќање воена помош во Киев.
Словакот Роберт Фицо предупреди претходно овој месец дека евентуалнота покана на Украина да влезе во НАТО „би било добра основа за трета светска војна“ и вети дека „никогаш нема да се согласи“ на тоа.
Има и други земји кои не сакаат брзо да дејствуваат по барањето на Киев, туку „се кријат во сенка“.
„Земји како Белгија, Словенија или Шпанија се кријат зад САД и Германија. Тие не сакаат“, вели претставник на НАТО.
Друг официјален претставник рече дека земјите „ја поддржуваат (Украина) апстрактно, но како што ќе се приближи до материјализација“, тие ќе почнат да се спротивставуваат на идејата појавно.





