Шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, денеска во Скопје

Претседателка на Европската Комисија на Европската Унија, Урсула Фон дер Лајен, денеска ќе пристигне во посета на Македонија во рамките на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.



Вчера, при посетата на Тирана, Фон дер Лајен, порача дека проширувањето на Европската унија е нејзин приоритет во нејзиниот втор мандат како шефица на извршното тело на ЕУ.

„Проширувањето е голем приоритет и во мојот следен мандат. Тоа се однесува на нашиот план за раст за Западен Балкан, за ова разговаравме во Берлин.

Ја отвораме вратата на заедничкиот пазар со партнерите од Западен Балкан“, рече Фон дер Лaјен на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Според информациите од македонската Влада, Фон дер Лајентаа ќе биде пречекана од премиерот Христијан Мицкоски со кој ќе има тет-а-тет средба во 11,30 часот.

Нешто подоцна ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

Предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата, во 12,40 часот.