Стефан Ристовски асистираше за двата гола со кои Динамо Загреб славеше со 2:0 против Салзбург на гости во третото коло од фудбалската Лига на шампионите.



Десниот бек и еден од заменик-капитените на хрватскиот првак ги проигра стрелците на погодоците Сандро Куленовиќ во 49. минута и Бруно Петковиќ во 84. минута.

Првата победа во елитното клупско натпреварување сезонава ги искачи „модрите“ на 22. место со 4 бода.