Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија добро ја разбира пораката што и ја испрати Европскиот парламент со назначувањето на хрватскиот пратеник Тонино Пицула за известувач на Европскиот парламент за Србија.
„Не брзам да коментирам, ќе разговараме со него и ќе соработуваме со него. Но, многу добро ја разбравме пораката на Европскиот парламент“, рече Вучиќ.
„Доколку го признавме (лажната држава) Косово или воведовме санкции кон Русија, утре ќе станевме членка на ЕУ“, рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.
Медиумите во Србија блиски до властите за Пицула велат дека има непријателски однос кон Србија, а неговото назначување за постојан известувач на Европскиот парламент за Србија го оценија како „брцање прст во око“ на Белград.
Изјавата на Вучиќ доаѓа откако хрватскиот европратеник Тонино Пицула, најави дека во оценките за напредокот на Белград ќе инсистира на исполнување на барањата кои се поставени пред земјите кандидати за влез во Унијата.
Пицула вели дека споменатото од страна на Вучиќ не е доволно.
„Ми се чини дека тоа се важни елементи кои би значеле дека Србија навистина го менува односот кон политичките процеси кои се исклучително важни за неа и за нејзините соседи.
Но, секако, покрај тоа, има и цела низа елементи на конкретни политиката дека Србија, на својот пат кон нејзиното финале, не можеме да ја сведеме на само еден, два или три елементи, кои колку и да се важни, не се доволни“, рече Пицула.
„Постојат критериуми од Копенхаген кои можеби не звучат спектакуларно, но тие се патоказ што го следеа сите други земји. Така што Србија ќе мора да го стори истото“, најавува Пицула. Копенхашките критериуми се барања што ЕУ им ги поставува на земјите кандидати за пристапување, од политички, како владеење на правото, економски и правни, до усогласување со целите на Унијата.
По назначуваерто на Пицула, реагираше и претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ.
„Секоја чест. Разбравме се“, напиша на “Х“ Ана Брнабиќ.






