Населението на Украина се намали за повеќе од 10 милиони од февруари 2022 година, кога започна руската инвазија, што предизвика егзодус и пад на стапката на фертилитет, соопштија денеска Обединетите нации.
Регионалната директорка на Фондот за население на ОН (УНФПА), Флоренс Бауер, им објасни на новинарите во Женева дека овој пад е поврзан и со други фактори, бидејќи „Украина и пред војната се соочуваше со значителни демографски предизвици“.
„Земјата имаше една од најниските стапки на наталитет во Европа. Голем број луѓе веќе ја напуштија Украина за да ги искористат можностите во странство. Населението старееше и бројот на жителите опаѓаше уште пред војната, а сега стапката на раѓање е само околу 1,0 дете по жена. За да се зголеми популацијата, потребно е 2,1“, истакна Бауер.






