Пријателството помеѓу Македонија и Австрија мора да трае – ова е заклучокот од средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.
„Зборувавме за заедничката соработка и воспоставување на пријателство кое мора да трае.
За иднината на државата и регионот“, напиша премиерот Мицкоски.
Претходно Мицкоски се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг.
„Разговаравме за заедничките интереси, стратешките цели на Македонија и потребата за придвижување на процесите“, напиша премиерот.





