Касами најави „општинско финансирање на Албанската академија во 2025“, иако Перински предупреди дека законот не го дозволува

„Првиот човек на општина Тетово Билал Касами вели дека нема законска пречка општините да ја финансираат Албанската академија за уметност и наука. Запрашан кога ќе се распределат средствата за оваа институција, Касами рече дека ова финансирање ќе биде предвидено во буџетот на општините за 2025 година.“објави ТВ 21.



ТВ 21 ја пренесува изјавата, што ја даде Касами во овој контекст: „Тоа е јасно прашање врз основа на законот и врз основа на определбата на четворицата градоначалници, кои се обврзаа дека во наредниот период ќе ја поддржат оваа благородна иницијатива. Бездруго, врз основа на календарот, или динамиката на усвојувањето на буџетот за 2025 година, ова ќе биде ставено како точка.“

Инаку, по најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението „Албанска академија на науки и уметности“, пред три дена министерот за локална самоуправа Златко Перински предупреди дека не постои законска можност за такво нешто. Тој посочи дека е тоа е строго опишано во членот 11 на Законот за локална самоуправа во членот 11, кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите, кои се утврдени согласно Законот. „Законот сака да каже дека сите средства, што ги собира општината врз која било основа, ги распределува преку усвојување одлуки и буџети на седница на Совет и тие треба да бидат исклучиво насочени кон остварување на основните законски надлежности на локалната самоуправа. Во тие надлежности не стои ‘Албанска академија на науките и уметности’. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности. за кои таа локална самоуправа постои.