Ракометар на Вардар завршил во болница по напад од кучиња-скитници

„Вчера, ракометарот Вуко Борозан додека ги шетал своите деца беше нападнат од улични кучиња и заврши во болница на шиење. Не знаеме дали ќе биде подготвен за настап“, изјави Тренерот на Вардар, Владо Недановски, јавува Плусинфо.



Тоа му создаде проблеми на клубот пред утрешниот меч со Порто во 3. коло од ЕХФ Европската лига.

Најверојатно во тимот ќе го нема црногорскиот лев бек, Вуко Борозан, пишува порталот.

Покрај Борозан има уште неколку повредени ракометари од редовите на „црвено-црните“.