Бомба фрлена во штабот на Самка Ибраимовски

Во утринските часови денаска била фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово.



Од експлозијата биле искршени се сите прозори и е направена значителна штета , соопшти Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна Еманципација на Ромите од Република Северна Македонија – ПЦЕР.

Ибраимовски повика надлежните институции да го истражат случајот и да реагираат навремено, со цел да се спречи повторување на вакви инциденти во иднина.

„Ги повикуваме надлежните институции од Република Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат. Не можеме да дозволиме таквите напади да поминат без одговор. Нашата заедница заслужува безбедност и почит,“ додаде Ибраимовски.

„Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава“, изјави Ибраимовски.